Никој не сака на Супер Глоуб – откажа и Кристијансанд!

Супер Глоуб или неофицијалното светско клупско првенство во машка конкуренција, веќе се одржува долго време и за екипите е престиж да се игра на ваков турнир. Светската ракометна федерација реши да организира ист турнир во женска конкуренција, но се чини дека уште првата година, овој турнир ќе доживее фијаско.

Домаќин ќе биде кинескиот град Вукси, но европска екипа веројатно нема да игра таму. Најпрво откажа европскиот првак Ѓер, потоа вицепрвакот Ростов Дон, а сега и третопласираниот тим од Ф4 во ЛШ – норвешкиот Кристијансанд. Веројатно ИХФ ќе го покани и францускиот Мец, но тешко дека и оттаму ќе има позитивен одговор.

Иако норвешкиот првак ја прифати поканата, сепак поради долгата процедура за вадење визи за Кина (која не прави никакви отстапки во тој поглед дури на спортски тимови). Сега има само шест тима кои се сигурни за настап, но сите се екипи надвор од европскиот континент.

– Каисар (Казастан, првак на Азија)
– Примето де Агосто Луанда (Ангола, првак на Африка)
– Конкордиа (Бразил, првак на Средна и Јужна Америка)
– репрезентација на Кина
– Жиангсу (Кина, домаќин)
– Квинсленд (Австралија, првак на Австралија)