Николовски е најефикасниот во Првата група од Првата лига

После пет кола во Првата машка лига во Првата група дојде до промена на врвот на Листата на стрелците, а таму Стефан Николовски го презеде лидерското место и се најде пред ракометарите од Ресен.

Тој успеа да стигне до бројката од 43 гола со што го запоседна врвот и сега е со предност во однос на конкуренцијата. Како изгледа Топ 10 можете да погледнете во продолжение.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1 (5. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

43 – Стефан Николовски (Работнички)

40 – Филип Шиклески (Преспа)

39 – Кире Башевски (Преспа)

35 – Марко Митев (Аеродром)

35 – Никола Роглев (Младост Богданци)

30 – Митко Стоилов (Младост Богданци)

30 – Орданчо Лазов (ГРК Тиквеш)

29 – Илија Грозданов (ГРК Тиквеш)

27 – Никола Димитров (Работнички)

26 – Бобан Арсов (Весна акумулатори)

26 – Васе Петров (Весна акумулатори)