Николовски доби конкуренција во Стоилов кај стрелците во Групата 1

Ракометарот на Работнички, Стефан Николовски продолжува да доминира на врвот на Листата на стрелците кај ракометарите кои настапуваат во Групата 1 во Првата машка лига.

Сепак, после десет одиграни кола работите се изменија кога е во прашање 2. позиција, па таму сега е Митко Стоилов. Поранешниот репрезентативец на Македонија кој сега е дел од Младост Богданци одигра одлично на последните средби и веќе има 76 гола со кои успеа да дојде на само осум од врвот и може да се очекува напад на првотоместо во следните четири средби.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1 (10. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

84 – Стефан Николовски (Работнички)

76 – Митко Стоилов (Младост Богданци)

71 – Кире Башевски (Преспа)

68 – Филип Шиклески (Преспа)

68 – Никола Димитров (Работнички)

61 – Илија Грозданов (ГРК Тиквеш)

58 – Марко Митев (Аеродром)

56 – Огнен Совковиќ (Весна Акумулатори)

55 – Васе Петров (Весна Акумулатори)

55 – Никола Роглев (Младост Богданци)