Николовска и Ваиблинген на врвот

Тимот на Ваиблинген Тајгерс, каде настапува македонската интернационалка Симона Николовска, ја продолжи победничката серија во Втората Бундес лига и по 5 изминати кола се најде на врвот на табелата.

По стартниот пораз, Николовска и колешките наредија 4 победи во серија, последната многу важна на гостински терен против директниот конкурент за место во најквалитетната конкуренција, Розенгартен. Ваиблинген славеше со 27:28, а Николовска имаше солидна минутажа и постигна 2 гола.

Трир на Ангела Петровска загуби на гостувањето кај Нуртинген со 26:25, а македонската интернационалка даде 1 гол.