Николиќ, Серафимова и Стојковска главни на теренот, ПАОК убедлив во дербито

Тимот на ПАОК каде што настапуваат трите македонски интернационалки, Марија Николиќ, Матеја Серафимова и Симона Стојковска, забележа нова победа во грчкиот шампионат. Совладана беше екипата на Неа Јонија во дербито со 26:20, а тимот од Солун беше во водство во текот на целиот натпревар.

Николиќ беше втор стрелец во тимот со 4 голови, Стојковска покрај придонесот во одбраната, постигна и 2 гола, додека Серафимова стандардно забележа двоцифрен број интервенции, вкупно 16. Со ваквите настапи, трите Македонки се покажуваат како одлична инвестиција на грчкиот клуб. Следен предизвик за ПАОК ќе биде настапот во Челинџ Купот.