Никола Портнер: Ја поправивме одбраната и тоа даде резултат

Голманот на Монпелје, Никола Портнер немаше потреба денеска да го менува својот колега, Винсен Жерар, кој бранеше одлично. После мечот тој говореше за она што се случи на натпреварот.

„На последните средби имавме проблеми во одбраната и примавме многу голови. Сега покажавме дека можеме да бидеме и далеку подобри во овој дел од играта. Успеавме да го кренеме нивото во одбраната и тоа ни донесе резултат. Ова е одлично постигнување за нас. Резултатот којшто го постигнавме против Металург е добар бидејќи знаевме дека ќе имаме тешка средба. Секогаш кога се игра против Металург во оваа сала е тешко и навистина мора да се вложи максимум за да се дојде до победа“, изјави Портнер.