Никола Карабатиќ ќе паузира две до три недели

Францускиот реопрезентативец Никола Карабатиќ ќе биде надвор од ракометните терени во следните две до три недели.

Имено, на последниот меч од Лигата на шампионите, на кој неговиот ПСЖ ја совлада екипата на Висла Плок, тој заработи повреда на мускулот која бара мирување.

Карабатиќ ќе ги протпушти дуелите против Данкерк, Селеста и Екс ан Прованс, а нема да настапи ниту на дуелите од Лигата на шампионите портив Фленсбург, Кадетен и Силкеборг.