Никола Даниловски: Сите сме мотивирани и убедени во триумф

Голманот на Металург, Никола Даниловски беше претставник на играчите на прес-конференцијата пред натпреварот против Железничар кој се игра в среда во салата „Борис Трајковски“. Овој дуел почнува од 20:15 часот, а на тој натпревар Металург верува во добар резултат.

„До минатото коло Железничар исто како и ние немаше победа. Железничар победи против Извиѓач, а ние сме мотивирани за добар резултат. Немаме победа уште и мораме да одим на триумф. Концентрирани сме на оваа средба и од името на сите ракометари можам да кажам дека ќе го дадеме максимумот на теренот. Не го потценуваме противникот туку напротив повеќе се мотивираме. Имаме мотив плус и поради тоа што имаме лоша серија, а од името на сите ракометари можам да ветам максимум на теренот. Сите веруваме во победа на овој натпревар“, коментираше на пресот, Никола Даниловски.

Ова е шестти натпревар за Металург во СЕХА-лигата, а досега има четири порази и едно реми против Извиѓач.