Николај Јакобсен после поразот од Вардар: Загубивме од најдобриот тим во светот

После првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите тренерот на Рајн Некар имаше свое видување за она што беше прикажано на теренот. Можеше да се забележи разочараност на неговото лице од епилогот на оваа средба после која Вардар отиде на плус четири.

„Вардар одигра одличен натпревар во нападот и беше подобар од нас во ситуациите еден на еден. Не почнавме како што посакувавме, а во играта 7 на 6 во нападот не одигравме како што знаевме. Не сум задоволен ниту од нашата одбрана. Се обидовме многу да смениме. Вардар имаше и седум гола разлика во првото полувреме. Не можам да бидам задоволен од мојот тим, но загубивме од можеби најдобриот тим во Европа во моментов“, изјави Јакобсен на пресот после мечот.