Николај Јакобсен за 24Ракомет ТВ: Во Скопје е тешко да се игра, ако дадеме максимум ќе победиме(ВИДЕО)

Екипата на Рајн Некар денеска гостува во Скопје кај Вардар, а тренерот Николај Јакобсен добро знае колку е тешко да се игра во СЦ „Јане Сандански“. Тој е свесен за она што претстои на овој натпревар, но после минатогодишниот триумф сигурно и надежите се поголеми.

Она што е јасно е дека денеска ќе има одличен натпревар, а тренерот на Рајн Некар во изјавата за 24Ракомет ТВ истакна дека денеска има многу работи од кои стравува.

„Се плашам од многу работи. Вардар има комплетен тим, има одличен голман кој само ја зацврстува и онака одличната одбрана. Свесни сме за тоа и ќе мораме да најдеме противигра. Знаеме често да играме 7 на 6, а во таква ситуација Енди Шмид има поголема одговорност, тој е ракометар со неверојатна прегледност. Покрај тоа сите добро знаеме дека теренот во Скопје е еден од најтешките за гостување во Европа. Ние имаме многу тежок распоред кој е згуснат, но се навикнавме на такво темпо и веројатно затоа имаме толку бодови во Лигата на шампионите оваа сезона“, изјави Николај Јакобсен за 24Ракомет ТВ пред денешниот дуел против Вардар.

Комплетното интервју погледнете го во продолжение.