Никлас Екберг во Кил до 2018

Десното крило на шведската репрезентација и актуелен член на Кил, Никлас Екберг го продолжи договорот со популарните “зебри” до 2018 година. Во договорот постои и опција за негово продолжување на уште една година. 25 годишниот швеѓанец во Кил пристигна од екипата на Копенхаген,а во Шведската репрезентација има одиграно 87 натпревари и постигнато 380 голови.

Со доаѓањето во Кил пред две години се оствари мојот сон. Задоволен сум што мојот сон продолжува, а со него и шведската траиција во екипата на Кил. Се чуствувам прекрасно во екипата, а градот за мене и мојата сопруга стана втор дом.

фото: www.thw-handball.de