НИЕ ОСТАНУВАМЕ ВЕРНИ ДО КРАЈ, НИЕ СМЕ СТРУГА! (ФОТО)

Тимот на Струга се соочува со финансиска криза што резултираше со заминување на тренерот Илија Темелковски и уште дел од играчите.

Струшкиот тим ќе продолжи да се натпреварува во Супер лигата само со домашни ракометари, а денеска го чека дуелот со битолски Пелистер, кој исто така имаше големи проблеми во текот на летото и се екипира само на неколку дена пред стартот на натпреварувањето.

Сепак навивачката група „Паткари“ веќе се мобилизираше за вечерашниот дуел со битолчани, без оглед на големите промени во тимот, тие ќе бидат на трибините во СЦ „Тими“.

„ПОСЛЕДЕН ПОВИК !!!

СИТЕ НА СОБИР !!!

СИТЕ ВО САЛА !!!

Ајде ПАТКАРИ ајде СТРУЖАНИ, да ја наполниме салата, да покажеме дека Струга заслужува ракомет, да покажеме дека Струга е ракометен град, дека никој и ништо не може да го уништи и да му наштети на нашиот клуб, НИЕ ОСТАНУВАМЕ ВЕРНИ ДО КРАЈ, НИЕ СМЕ СТРУГА !!!“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Натптреварот меѓу Струга и Пелистер се игра вечерва од 19:00 часот.