Нигина Саидова ја продолжува ракометната кариера

Поранешната голманка на руската репрезентација и на ЖРК Вардар – Нигина Саидова реши да ја продолжи ракометната кариера. Нов клуб на руската интернационалка е турската екипа Трабзон која има високи амбиции во турската лига. Саидова во Вардар дојде во 2012 година од Звезда Звенигород. Со ЖРК Вардар освои четири титули, една во купот и две шампионски титули на Македонија како и бронзениот медал од Лига на шампионите.

Покрај ЖРК Вардар Саидова има настапувано и за Звезда, Артас, ЖРК Будуќност, Лада и Кубан Краснодар.

Фото: zrkvardar.mk