НЕ ПРЕПУШТААТ НИШТО НА СЛУЧАЈОТ: Ростов Дон пристигна една седмица пред Ф4 во Унгарија

Ракометарките на рускиот претставник на женскиот Ф4 во Лигата на шампионите, Ростов Дон сериозно се подготвуваат за завршните дуели сезонава. Тие во неделата наутро пристигнаа во Унгарија каде ќе ги продолжат подготовките за полуфиналниот дуел.

Екипата ќе биде сместена покрај езерото Балатон кое е одалечено 130 километри од Будимпешта каде што се игра Ф4. Заминувањето за главниот град на Унгарија е планирано за 9 мај.

Во четвртфиналето Ростов Дон го очекува голема борба против францускиот претставник Мец за пласман во големото финале. Натпреварот е закажан за главниот термин во 18:00 часот на 11 мај.