Не може без Вардар и Металург во СЕХА: Головите на Борозан и Пешевски во ТОП 5 (ВИДЕО)

Ниту еден од изборите за најдобра одбрана, најдобар гол или најдобар тим во СЕХА Лигата не може да помине без играчите на македонските екипи Вардар и Металург. Тоа не е случај ни сега, кога за најдобар гол во 6 коло се номинирани головите на Вуко Борозан и Жарко Пешевски.

Борозан даде убав гол во 53 минута против Загреб за 28:21 во убедливата победа на македонскиот, европски и СЕХА првак, додека Пешевски беше стрелец на одличен гол од свртување за водство против Горење со 17:16, на мечот кој Металург го загуби од словенечкиот тим. Гласањето е отворено на фан страницата на СЕХА Лигата на Фејсбук.