Не мисли на пензија: Поранешен вардарец ќе игра и на 40 години

Поранешниот пикер на Вардар, Ратко Николиќ се уште не мисли на пензија и ја продолжува играчката кариера. Иако има полни 40 години, српскиот интернационалец потпиша за тимот на Босна и во следната сезона ќе игра во босанскиот шампионат.

Некогашниот репрезентативец на Србија и прв капитен на оваа селекција, во богатата кариера настапуваше за неколку големи клубови како Вардар, Веспрем, Портланд Сан Антонио и Колдинг, а во Босна лани играше за Извиѓач и претходно три сезони мина во Борац Бања Лука.

Николиќ во два наврати е избран за најдобар пикер на светот, а има освоено бронзен медал на СП во 1999 година со репрезентацијата на Југославија.