Не го забораваат: Навивачите со овации го поздравија Абутовиќ (ВИДЕО)

Само четири месеци откако го одигра последниот натпревар во дресот на Вардар, Илија Абутовиќ се врати одново во Скопје и денеска е во СЦ „Јане Сандански“, но во дресот на Рајн Некар. Илија Абутовиќ доби овации од 4000 гледачи кои денеска се на трибините на „мечот на неделата“.

Абутовиќ доби големи аплаузи од трибините и фановите на Вардар ставија до знаење дека не го заборавиле ракометарот кој важеше за најголемиот борец во одбраната на на „црвено-црните“.

Ико е пријавен за настап, но нема да игра поради повреда. Сепак, ќе биде на клупата за резерви така што уште еднаш ќе биде на теренот каде доживеа многу успеси во минатите години.

Како изгледаше моментот кога Абутовиќ се појави на теренот во СЦ „Јане Сандански“ можете да видите во видеото во продолжение.