Несреќниот Тонесен повторно се повреди

Норвешкиот репрезентативец и член на унгарски Веспрем, Кент Робин Тонесен повторно ќе мора да паузира. Тонесен го пропушти Светското првенство заради повреда и само што се врати на терените повторно доживеа повреда.

Овој пат се работи за повреда на дланката, тој има фрактура на метатарзалната коска. Повредата ја заработи непосредно пред патувањето во Лисабон на мечот со Спортинг во Лигата на шампионите. Сигурно ќе го пропушти и реванш мечот.

На позицијата кај што настапува Тонесен во Веспрем единствена опција останува искусниот Ласло Наѓ. Како замена за Норвежанецот во составот за ЛШ беше младиот 18-годишен, Лев Зухарев кој сеуште нема доволно искуство за важни натпрвари, па се очекува товарот на левата бековска позиција во Веспрем да го понесе Наѓ.

Веспрем ќе се обиде да го потврди пласманот во четвртфиналето во ЛШ против Спортинг во сабота од 17:30 часот.