Несекојдневна реакција на Вардар: Милиќ суспендиран од тимот поради недоличното однесување во српската репрезентација!

По сите перипетии кои го следеа Страхиња Милиќ, при недоразбирањето со привремениот вршител на должноста селектор на Србија, Дејан Периќ, кој наводно поради пијанство и недолично однесување го исклучи голманот на РК Вардар од репрезентацијата и македонскиот вицепрвак одлучи да го казни Милиќ поради тој инцидент.
Управата на клубот ја донела оваа одлука бидејќи сметаат дека и покрај тоа што овој инцидент нема никаква врска со делувањето на клубот, Страхиња Милиќ како член на РК Вардар ги носи „црвено-црните“ бои без разлика во кое својство и каде се појавува. Затоа во кратко соопштение Вардар по разговорот со ракометарот излезе со став:

Почитувајќи ги клупските правилници, Вардар му изрече временска суспензија од еден месец на Милиќ, и парична казна согласно клупските правилници поради ваквото однесување, со надеж дека истата ќе влијае позитивно на негово однесување во иднина, како на негов, така и на другите членови на екипата.