Нереа Пена за 24ракомет: Менталитетот и емоциите се нашата најсилна страна

Левиот бек на шпанската репрезентација Нереа Пена во пресет на утрешниот финален натпревар за кратко интревју за 24ракомет.мк ги сподели очеувањата за големото гинале

Колку е променета вашата игра во однос на минатото првенство?

Не променивме ништо но само ни требаше време за конечно да почнеме да играме како еден тим. Од Oлимписките игри во Лондон направивме навистина доста важни измени и битно е што одржавме доста играчи во тимот и сите одлично си ја вршат работата па нашата игра е само разултат на ова кохезија.

Што сметате која е вашата најголема предност на ова првенство?

Менталитетот и емоциите бидејќи навистина уживаме во нашата игра и нашите цели се јасни и полека работиме за да дојдеме до финалниот резултат кој што се надевам дека ќе биде златниот медал.

Дали верувате дека вашата репрезентација може да дојде утре до златото?

Не знам дали ќе можеме да победиме но секако наша основна и најважна обврска е да дадеме се од себе. Многу сме мотивирани и златниот медал е многу важен за нас затоа ќе влеземе во натпреварот со цела енергија, ќе се бориме за секоја топка и секако ќе се обидеме да уживаме максимално во натпреварот. Норвежанките се многу брзи и нивата физичка кондиција е неверојатна, ние ќе мораме да ја одиграме нашата игра и да се обидеме нив да ги смириме и конечно да успееме да стигнеме до победа.