Нереа Пена го продолжи договорот со ФТЦ Будимпешта

Репрезентативката на Шпанија, Нереа Пена го продолжи договорот со унгарскиот вицешампион ФТЦ Будимпешта за уште една сезона со можност за продолжување на договорот. Шпанската репрезентативка е една од главните ракометарки во унгарскиот тим. Во наредната сезона на ФТЦ ќе му се приклучи репрезентативката на Унгарија, Дора Хорњак од Вац, а клубот ќе го напуштат Сузана Томори ( Ѓер)  и Викторија Сос ( Вац).