Непријатен пораз на стартот за Митков и Кремс

Тимот на Кремс, каде игра десниот бек од Македонија, Влатко Митков, загуби во првото коло од австрискиот шампионат, на домашен терен и тоа од новиот прволигаш Ферлах, со минимални 33:32.

Митков беше дел од составот на Кремс и успеа 4 пати да ја погоди мрежата на противникот, а заработи и жолт картон. Следен предизвик за Кремс и за Митков, ќе биде гостувањето кај актуелниот шампион Брегенц следниот викенд.