Нема Челинџ куп во Македонија: Металург и Куманово двапати ќе гостуваат

Женските тимови на Металург и на Куманово си обезбедија место за настап во Челинџ купот, но одлучија средбите од 3. рунда да ги играат на гостински терен. Според тоа во Македонија нема да има натпревари од овој Куп така што во ноември и двата тима ќе бидат гости.

Металург ќе ги одигра своите дуели со тимот на Ринкон Фертилидад Малага од Шпанија на 10 и 12 ноември, при што тимот од Скопје ќе биде формално домаќин на вториот меч.

Кумановки, пак, ќе гостуваат во Полска, кај составот на МКС Селгрос Лублин на 12 и 13 ноември, а и тука е истиот распоред. Тимот на Куманово ќе биде формален домаќин на вториот натпревар.

Со оглед на тоа што и двата тима од Македонија прифатија своите средби да ги играат како гости јасно е дека предвреме се откажуваат од битката за пласман понатаму и дека составите на Малага и Лублин се фаворити за пласман во следната фаза од Челинџ купот.