Нема фузија: И Пелистер и Еурофарм Работник се пријавија за настап во Супер лигата!

Иако низ медиумите долго време се појавуваат информации за фузија на двата битолски тимови, Пелистер и Еурофарм Работник, сепак претстојната сезона со сигурност нема да има такво нешто. Двата тима го испочитуваа рокот на Ракометната федерација на Македонија, 30 јуни, и се пријавија за учество во Супер лигата во сезоната 2019/2020.

Еурофарм Работник иако остана без двајцата лидери од минатата сезона, Остроушко и Кузмановски, наголемо се засилува и повторно ќе биде конкурент за врвот, додека Пелистер, се уште нема назначено нов тренер, ниту има објавено некое засилување.

Покрај битолчани, сите други екипи што треба да партиципираат, го пријавија учеството, па во следната година ќе имаме седум скопски екипи, две битолски, плус Радовиш, Охрид и Струга. Вардар и Еурофарм Работник ќе го пропуштат првиот дел од сезоната, бидејќи ќе бидат дел од регионалната СЕХА лига.

Учесници во Супер лига, 2019/2020:

Вардар
Еурофарм Работник
Металург
Пелистер
Охрид
Бутел Скопје
Работнички
Пролет
Металург 2
Вардар Јуниор
Струга
Радовиш