Нема повеќе картони за тајм-аут: На Супер Глоуб се тестира нов систем

Веќе редовна практика е неофицијалното светско клупско првенство да им послужи на челниците на ИХФ за тестирање на новата технологија во ракометот. Се тестираше сензорот за постигнат гол во топката, светлечките сигнализации, судиската помош преку видео анализа, а од минатата година и камерите на службените лица кои требаа да помогнат во оценување на одлуките на судиите.

*забрането превземање на фотографии и текст без дозвола на редацијата 24Ракомет

Оваа година тимовите во Доха ги пречека нов систем составен од столб на кој има црвено копче за тајм-аут. Со тоа ИХФ најави дека размислува комплетно да ги отстрани популарните зелени картончиња со кои тренерот повикува минута пауза.

*забрането превземање на фотографии и текст без дозвола од редакција 24Ракомет

Ова е добра вест за ракометот, а особено за македонската јавност. Се уште се свежи сеќавањата на скандалот во финалето на Лигата на шампионките, кога тренерот на Вардар, Кокшаров сакаше да ја прекине играта во вистински миг и да побара тајм-аут, наместо тоа, на најскандалозен начин, германската делегатка Јута Ерман-Волф која беше задолжена за најважниот натпревар во елтното натпреварување, грубо го одзеде картончето од рацете на тренерот, шокирајќи ја ракометната јавност. Казна за делегатот се уште нема, но практика на ЕХФ е тивко да ги решава ваквите проблеми, па за очекување е дека таа нема повеќе да биде дел од врвни натпревари.

Затоа пак екипите кои се натпреваруваат на Супер Глоуб ќе имаат можност да го тестираат новиот систем, а од нивните забелешки ќе зависи и иднината на новата технологија во ракометот, која треба да го олесни начинот на барање тајм-аут и ќе претставува иднина на технолошки напреден ракомет.