Нема повеќе билети за натпреварот меѓу Вардар и Барселона!

На три дена пред почетокот на дерби натпреварот од осмото коло на Лигата на шампионите, меѓу Вардар и Барселона, билети повеќе нема.

По поразот во Шпанија, македонскиот првак сигурно ќе цели кон шесттата победа во елитното натпреварување, а поддршка секако ќе има од бројната публика во СЦ „Јане Сандански“. Лазаров и друштвото се дополнителен мотив за секој ракометен љубител, а заминувањето на Карабатиќ остава реална шанса за македонскиот првак да заработи нови два бода преку актуелниот европски шампион.

Денес на билетарата на спортскиот комплекс во населбата Аеродром не пречека натпис кој дополнително ја подгрева атмосферата пред почетокот на четвртиот шампионски натпревар на домашен терен, со најпосакуваниот противник, можност за одмерување на силите, која ќе покаже до каде е моќта и нивото на кое во овој момент се наоѓа македонскиот шампион.

„НАТПРЕВАРОТ ВАРДАР-БАРСЕЛОНА Е РАСПРОДАДЕН“…