Нема одмор за вардарци, за три дена ќе одиграат три средби

Големиот број на заостанати средби од првенството, како и завршницата од Купот на Македонија ќе бидат причина за „црвено-црните“ во три дена да одиграат три натпревари.

Според предвиденото Вардар в четврток ќе ги одмери силите со екипата на Пролет, а тоа ќе биде натпревар од првенството. Потоа в петок од 20 часот следува мечот од Купот на Македонија. Се работи за полуфинале против Еурофарм Работник кое се игра во Куманово.

Со оглед на тоа што се очекува Вардар да се пласира во финалето, доколку не дојде до изненадување тогаш в сабота од 20 часот следува и меч против составот кој ќе победи од пресметката меѓу Металург и Бутел Скопје.