Нема крај на голготата на охриѓани: Цел стручен штаб и 6 играчи добиле труење со храна !

По долгото патешествие до Порто и по проблемите со сместувањето, нема крај на маките на ракометарите на Охрид. Откако конечно домаќинот се смилува и најде добро сместување за македонската експедиција, нов шок за охриѓани.

Целиот стручен штаб и шестмина ракометари се затруени со храна во хотелот кај што престојуваат. Од угостителскиот објект изговорите се дека сите гости јаделе од исто јадење, а нема други пријавени случаи со труење од храна.

Охрид во моментов го игра првиот меч од двата, сите ракометари ќе бидат во ростерот, но колку ќе можат да играат е друго прашање. Македонскиот тим побара од ЕХФ одложување на натпреварите, делегатот од Франција бил присутен во хотелот на охриѓани, но по консултациите им беше предочено дека имаат доволно голмани и здрави играчи во ростерот за дуелите да бидат одиграни.