Нема Комити, нема пекол… (ФОТО)

Вардарци без „Комити“ ја започнаа сезоната во Лигата на шампионите. Односите меѓу спортското друштво Вардар и популарните „Комити“ веќе извесен период се заострени, а бидејќи фудбалскиот клуб Вардар го одигра натпреварот против градскиот ривал Работнички непосредно пред почетокот на ракометниот дуел меѓу Вардар и Сегед, строгите правила на ЕХФ им дозволија на најверните навивачи на „црвено-црните“ присуство на само еден настан на денешната програма.
Затоа трибините на запад останаа празни, а изостана и вистинската навивачка „пеколна“ атмосфера која го красеше секој натпревар на Вардар во минатото.
vardpik (2 of 3)