Нема камбек во Металург: Липовина потпиша за Хутенберг

Иако имаше некои комбинации што го поврзуваа црногорскиот десен бек Владан Липовина со камбек во македонскиот вицепрвак Металург, сепак тој нема да дојде во Македонија, туку ќе се врати во Германија.

24-Годишниот горостас од Цетиње потпиша едногодишен договор со составот на ТВ Хутенберг, кој сезонава се пласираше во Бундес Лигата. Ова ќе биде втор германски клуб за Липовина, кој претходно играше за Вецлар со Миркуловски.

Потекнува од Ловќен, има искуство и во Асобал Лигата, во дресот на Сиудад Енкантада, а по настапите за Металург и Вецлар, се реши да се пресеи во Обединетите Арапски Емирати, во дресот на Ал Наср.