НЕМА ДИЛЕМИ: Игор Карачиќ е МВП на завршниот турнир!

Вардар славеше над Веспрем со 27-24 во финалето на Лигата на шампионите и ја освои втората титула во елитното натпреварување.

Сосема заслужено, по две одлични партии во полуфиналето против Барселона и во финалето против Веспрем, Игор Карачиќ беше прогласен за најкорисен играч.

Ова беше најубав начин за простување на Хрватот од дресот на македонскиот првак.