Нема да биде сè црвено-црно: Филип Талески ќе ја има поддршката од семејството (ФОТО)

Македонскиот првак Вардар го очекува клучен натпревар во Лигата на шампионите. Против Рајн Некар Ловен ќе се одлучува првата позиција во групата А, па затоа поддршката од трибините во „Јане Сандански“ се очекува да биде огромна. Карти веќе одамна нема, а во „црвено-црното“морето, се појавија и неколку жолти дресови.

На средбата меѓу Вардар и Рајн Некар на трибините своја поддршка има и гостинската екипа. Семејството Талески „засилено“ со неколку пријатели на македонскиот репрезентативец е на трибините во дресот со број 28 со кој Филип Талески настапува во германскиот шампион.

Пред првиот од двата натпревара меѓу македонскиот и германскиот првак, Талески истакна дека е задовоство да се игра против европскиот првак, играат во добар ритам и се надева дека така ќе продолжат со добрите игри и во Скопје.