Нема викенд без натпревари за Вардар: Во паузата од Лига на шампиони – регионална лига

Ракометарките на Вардар в петок ќе го имаат стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, каде што актуелни вицешампиони. Противник ќе биде унгарскиот ФТЦ, а потоа ќе следат две гостувања кај Турингер и Ларвик. По тие три натпревари што ќе се играат на 15 и 21 октомври, предвидена е пауза од две седмици, но вардарки нема да имаат викенд без натпревари.

На крајот на октомври ќе играат на вториот турнир од регионалната ВРХЛ лига, чиј домаќин ќе биде екипата на Крим во Љубљана. „Црвено-црните“ девојки, кои се актуелни победнички на ВРХЛ лигата, на 27 октомври се среќаваат со тимот на Крим Меркатор во 18:45 часот, додека во следното коло, на 28 октомври ќе играат со Будуќност, во 16:00 часот. На 4 ноември следуваат возвратните дуели со ФТЦ, Турингер и Ларвик.

По првите два натпревари од новата сезона во ВРХЛ лигата, Вардар има две победи.