Нелоски тренира со Металург 2

Левиот бек на македонската репрезентација Марко Нелоски се појави на првиот собир на вториот тим на Металург во салата Автокоманда. Бидејќи Червар не смета на неговите услуги во првата екипа, Нелоски беше поканет на тренинзи со Металург 2, а тој уредно се појави на првиот тренинг.

Во финишот на минатата сезона, Нелоски побара исписница од македонскиот вицепрвак, а беше договорена и оштетата, бидејќи бекот има договор со Металург и за оваа сезона. Тој се поврзуваше со трансфери во Магдебург, Пелистер, Вардар, но нема ништо од евентуалното заминување во некој од овие клубови. За напуштање на клубот, потребно е да се плати обештетување, кое неофицијално изнесува 30.000 евра.