Нелоски распали кон голот на Тусем Есен, но Кобург само ремизираше

Откако го пропушти минатиот натпревар поради повреда на грбот, Марко Нелоски се врати во составот на Кобург и денеска беше меѓу поефикасните во својот тим постигнувајќи четири гола од осум обиди.

Кобург на домашен терен ремизираше со Тусем Есен со резултат 25:25, а покрај тоа што Нелоски реализираше четири погодоци успеа да подели и една асистенција, но и две блокади во одбраната. Полека, но сигурно го обезбедува своето место во тимот и добива минутажа така што ова е одлично и за Нелоски и за репрезентацијата на Македонија.

ФОТО:Валентина Трајковска