Нелоски и Крстевски ќе играат против Буркина Фасо

Марко Нелоски и Горан Крстевски ќе бидат во составот на македонската репрезентација за утрешниот дуел против аутсајдерот Буркина Фасо, и покрај тоа што добија црвени картони на натпреварот од 1 коло против Русија.

Црвените картони беа во текот на мечот, не беа во последната минута и не беше покажан син картон, што значи дека нема да има суспензија за двајцата младинци. Составот за дуелот со Буркина Фасо ќе биде практично истиот, иако пикерот Филип Арсеновски најверојатно нема да влегува во игра поради тоа што се пожалил на повреда.

Дуелот против Буркина Фасо се игра утревечер со почеток во 21 часот.