Нели Ирман нова ракометарка во Локомотива Загреб

Хрватскиот клуб Локомотива Загреб продолжува со ангажман на нови ракометарки.

Ново име во хрватскиот шампион е Нели Ирман, која доаѓа од  Ген Загорје од Словенија. Нели Ирман во Локомотива Загреб ќе ја пополни десната крилна позиција, и ќе ја дели минутажата со ракометарката Анита Гаче.

Ирман во Словенија го носеше дресот на повеќе суперлигашки клубови: РК Олимпија, ЖРК Залеч, РК Крим Меркатор, Ген Загорје.