Некогаш играше против Вардар, сега е најдобар танчер во Германија

Освојувачот на светска и европска титула со репрезентацијата на Германија, Паскал Хенс победи во танчерското шоу Let’s Dance.

39-годишниот Германец и поранешна ракометна ѕвезда, во пар со Екатерина Леонова беа најдобри во многу популарното шоу ширум Германија.

По завршувањето на сезоната и победата Паскал Хенс се префрли на голфот и ќе направи кратка пауза од танцувањето.

Пред шест години, Хенс беше дел од составот на Хамбург, кој како европски шампион беше елиминиран во осминафиналето во сезоната 2013/2014 од Вардар.