Некогаш во „црвено-црниот“ дрес денес „сино-бели“: Менторот се сретна со своите ученици (ФОТО)

Гостувањето на ППД Загреб во Скопје, има посебно значење за легендарниот тренер Веселин Вујовиќ. Тој поголемиот дел од тренерската кариера го помина во Скопје, како предводник на Вардар, а во дресот на „црвено-црните“ тогаш настапуваа Милорад Куковски и Гоце Ојлевски. Денес тројцата се дел од шампионските екипи на Загреб и Металург. Ракометната судбина го одведе популарниот Вујо во „сино-белиот“ Загреб, додека Ојлевски и Куковски се дел од поискусните ракометари кои останаа во редовите на македонскиот шампион Металург.

 

FLP_4376
ФОТО: Филип Вирановски
FLP_5642
ФОТО: Филип Вирановски