Некогашните пелистерци клучни за победата на Аполда

Тимот на Аполда, кој е мала македонска колонија, забележа тешка победа на домашен терен во четвртото коло од регионалната лига на Германија. Игор Тоскоски, Васил Митевски и Игор Илиевски, кои своевремено играа за битолски Пелистер, беа клучните играчи во минималната победа над Хале со 26:25.

Левото крило Илиевски даде 4 голови, Митевски беше стрелец на 3, од кои 1 беше од пенал, додека голманот Тоскоски, во финишот одбрани пенал на гостинскиот тим и бодовоите останаа за Аполда. По 4 кола, „македонскиот“ тим има 3 победи.