Некогашниот тренер на Металург пред промоција: Јовица Цветковиќ ќе биде старо-нов селектор на Србија?

Некогашниот стратег на македонскиот вицепрвак Металург, Јовица Цветковиќ по пауза од седум години, најверојатно ќе се врати на селекторската позиција во Србија. Цветковиќ, кој беше селектор на Србија од 2006 до 2009 година, е пред промоција, откако УО на РСС денеска реши да направи рез пред стартот на новите квалификации за ЕП.

До мечевите со Полска и Белорусија на стартот на ноември има уште малку време, па нашиот северен сосед мора брзо да реагира и се чини дека веќе го најде наследниот на Дејан Периќ, кој од 2014 година беше селектор. Цветковиќ е одличен стратег кој со Србија стигна до 8 место на СП во Хрватска во 2009 година, а на клупски план освен на клупата на Металург, беше тренер и на Црвена Ѕвезда, Констанца, Борац Бања Лука и Железничар.