Неизвесна судбината на Гаранина

Младата и талентирана ракометарка во редовите на Лада – Вероника Гаранина ги пропушти првите три кола од руското првенство. Причината поради која таа не е во редовите на својата екипа е тоа што во текот на мината сезона младиот лев бек на Лада потпишала прелиминарен договор со екипата на Астраханочка кој што требало да стане важечки од 1 јули 2014 година, но бидејќи конкретен датум на договорот не постоел, истиот бил поништен. Притоа Гаранина има валиден договор со матичниот клуб Лада до 2016 година. Поради нерализрање на претходно потпишаниот прелиминарен договор случајот на Гаранина е даден на комисија во Руската Ракометна федерација и во ситуација кога играчот има два договори можна е и негова дисквалификација.

Жал ми е за ова ситација. Знам дека и јас направив нешто што не беше во ред. Но јас го сакам мојот тим и сакам што е можно поскоро да им помогам. Подготвена сум во секој момент да сконам од клупата на теренот, бидејќи тешко е да ја гледаш својата екипа од страна и да не можеш да помогнеш. Се надевам дека се набрзо ќе се реши – изјави Гаранина за клубскиот веб сајт.

Поддршка од на
Поддршка од навивачите – Фото: Лада