Незадоволен од судиската одлука, ја зема правдата во свои раце! (ВИДЕО)

На ракометниот меч во четвртата шпанска лига помеѓу Винарос и Бенетусер се случи непријатна ситуација.Шпанскиот судија Даниел Ортис беше нокаутиран од домашниот ракометар.

Имено, играчот на домаќините бил незадоволен од одлуката на судијата за досудениот пенал за гостинскиот тим, па решил на свој начин да ја реши “неправдата”.

„Напаѓачот ме критикуваше поради досудениот седмерец и исклучениот играч, и наеднаш ме удри помеѓу вилицата и увото. Бев во шок и од силниот удар паднав. Судам веќе 16 години и вакво нешто досега ми се нема случено“ – изјавил судијата Ортис за Ефе.

Веднаш по нападот, натпреварот беше прекинат, а на судијата му беше укажана лекарска помош.