Недостасуваа сили за првата победа на Работнички: Дербито од дното за Вардар Јуниор

Во рамките на 13-т0 коло до македонската Суперлига, Работнички во спортската сала „Форца“ го пречека Вардар Јуниор. Двете последнопласирани екипи одиграа интересен и неизвесен натпревар кој го пресудија последните 10 минути од натпреварот. Подолгата клупа и индивидуалниот квалитет му овозможија на Вардар Јуниор да се радува на нова победа против градскиот ривал овојпат со 24-28. Со оваа победа Вардар Јуниор собра осум бодови, но се уште е на претпоследната позиција со пет бодови зад Радовиш и седум зад Металург 2.

Одличниот почеток за домаќините го изненади противникот. Веќе по 20 минути игра Работнички создаде предност од 11-7, разлика која ја одржуваа до самиот крај на првиот дел за конечни 17-13.

 На почетокот на вториот дел Гроздановски со својот прв гол ја постави највисоката предност на овој дуел (18-13) и кога се делуваше под контрола во редовите на Работнички, Вардар Јуниор го засили темпото. Во средината на вториот дел Работнички започна да паѓа, недостасуваше свежина во нападот, а брзата транзиција на Вардар Јуниор вообичајно завршуваше преку расположениот Поповски или Симиќ и затоа по 50 минути игра резултатот беше изедначен на 20-20. Во завршните минути од дуелот Вардар Јуниор ја продолжи својата доминација, во 51-та минута за прв пат дојде до водство на овој дуел, а минута подоцна и до првите два гола предност (22-24). Разликата продолжи да се зголемува до највисоките и конечни 24-28.

Најпрецизен на теренот беше Мартин Поповски со 11 голови, додека Божидар Симиќ го следеше со 5 голови. Кај домаќинот Симоновски Дарко постигна 8 голови, а Гајиќ и Василевски беа прецизни по 4 пати.