Недостасуваа нијанси за изненадување: Ниту храбриот Металург, не беше доволен за победа против Вардар

Во рамките на првото коло од СЕХА регионалната лига, спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше домаќин на дуелот меѓу Металург и Вардар. Некогашното балканско дерби потсети на некогашните дуели само по резултатот. Атмосферата во Вип Арената не беше достојна за македонскиот дуел во регионалното натпреварување, затоа актерите на теренот понудија возбудлив и интересен натпревар.

Натпреварот кој го одбележаа бројните технички грешки и промашени идеални шанси за погодок, започна со неизвесни 3-3. Вардарци први дојдоа до предност од два погодока, но ниту тоа не беше гаранција за рутинирана завршница, напротив, во средината на првиот дел Металург го врати водството во своја посед по оние 3-2 во седмата минута.

Кратко траеше предноста за домаќините, ракометарите на Гонзалес со нова низа од четири погодоци дојдоа до првите три голови разлика, 6-9 во 20-та минута. Во последниот период од полувремето Металург ја достигна негативата, а токму нерешените 13-13 најдобро ја отсликаа играта на двете екипи во првиот дел.

003

Со исто темпо продолжи и вториот дел. Овојпат Металург го отвори резултатот, а изедначената игра продолжи до средината на полувремето кога идентично како и во првото Вардар со низа голови дојде до највисоката предност, овојпат од четири погодоци (20-24 49′). Младиот состав на Лино Червар се обиде да се врати во игра, а во 55-та минута имаа напад за еден гол разлика кој го реализираше Талески (23-24).

Ракометните фанови во последните три минути беа сведоци на вистинска драма. Расположениот Талески го израмни резултатот, а на спротивната страна Душебаев ја одржуваше минималната предност за Вардар. Во драматичните последни триесет секунди од натпреварот Вардар имаше гол предност, но Металург последен напад. Печекновски се обиде да упати удар од позиција на десен бек, но Ангелов одбрани за крај на натпреварот. По шеесет минути на семафорот остана забележан резултатот 24-25.

Најпрецизен во домашниот состав беше Младеновиќ со шест погодоци, додека Талески беше стрелец на пет голови. Во победничката екипа Душебаев беше прецизен седум пати, Дибиров шест, а ги следеше Карачиќ со пет погодоци.

002

Во наредното коло, Вардар и Металург ќе ги одмерат силите со финалистот во Лигата на шампионите, составот на унгарски Веспрем.