Недановски во Вардар, Димитровски во Вардар Јуниор

Иако младиот Иван Димитровски беше планиран како второ лево крило во ростерот на Раул Гонзалес за сезонава, сепак замена на Тимур Дибиров ќе биде искусниот Владо Недановски. Димитровски ги стартуваше подготовките со првиот тим, но по само неколку тренинзи мораше да замине на подготовки со кадетската репрезентација и немаше многу време да се уигра со останатиот дел од играчите.

Тој е прекомандуван во Вардар Јуниор, односно во составот што го предводи Стојан Петрушевски, а Недановски и Дибиров ќе го сочинуваат дуото на лево крилната позиција во првиот тим на Вардар. Недановски и своевремено беше дел од првиот состав и со поголемиот дел од ракометарите веќе има играно, па нема да биде потребно многу време за адаптација и воигрување.