Неготинци одново лидери во Групата 2 од Првата лига

Екипата на Вардар Неготино е нов лидер во Групата 2 од Првата машка лига. Овој тим стигна до победа на гостувањето во Скопје кај Риниа М и на тој начин дојде до три бода со кои е повторно на првото место.

До триумфот од 36:26 се стигна откако мечот имаше израмнет почеток. Двете екипи се надигруваа до 7:7, а тука почна создавањето на разликата од страна на гостите. Вардар Неготино дојде до предност од 10:7 и тука почна да го контролира натпреварот. Разликата се зголемуваше и на одмор се замина со 16:12, по што во вториот дел беше многу полесно.

Домашните не можеа да следат, а неготинци знаеја да ја исконтролираат играта до крајот и да дојдат до бодовите. Гостите настапија без повредените Паланков и Кузманов, но одличен на голот беше Велков со 19 одбрани.

РИНИА М – ВАРДАР НЕГОТИНО       26:36 (12:16)

Сала: „7 Март“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

РИНИА М: Мемед, Синани, Емини 1, Анѓелковиќ 13, Костовски, Јовески 2, Сулејмани, Исмаили 4, Латифи 4, Енис Мемеди, Енес Мемеди, Трајчевски, Стојчевски 2, Манески.

Седмерци: 7/10, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Велков, Јанев, Вељанов 9, Трајковски 1, Коцев 8, Арсов 2, Трајков, Станков 1, Танчев, Неделковски, Стаменов 1, Окардов 4, Косановиќ 10, Паланков.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.