Неверојатна приказна: Некогаш ги постигнуваше најубавите голови, денес e нуркач на Јадранот

Во 2003 и 2004 година освои златни медали на големите натпреварувања. Тој беше дел од златниот состав на Лино Червар, а беше и играч кој постигна неколку од најубавите голови на Мундијалот во Португалија и Олимписките игри во Атина. Никша Калеб веќе неколку години е надвор од ракометот, а во моментов се занимава со нешто сосема друго.

Калеб има своја компанија за нуркање, а и самиот нурка и во последните месеци работел на проект на длабочина од 28 метри под вода каде што биле поставени пет километри цевки, кои се подготовка за градење на мост.

„Не го прецртав ракометот, но во моментов сум надвор од него, истуркан. Имам проблем и со рбетот, но не можам и да се помирам и со некои работи кога знам дека не се добри. Немам проблем да го кажам тоа. Секако немам против ништо против својот Метковиќ, туку сум независен, имам свој рејтинг којго стекнав со работа и со играње. Имам право да кажам некои работи и да имам свој став“, вели Калеб за медиумите во Хрватска.

Покрај со нуркањето и помошта во изградбата на мостот кој го градат Кинези, Калеб времето го користи и за риболов, но и одвреме навреме да погледне некој натпревар. Далеку е од она време кога беше максимално активен во ракометот, но не е целосно одалечен од него.

Инаку, потезите на Калеб и понатаму се паметат, а за тоа сведочат и видеата останати од времето кога беше меѓу главните ѕвезди во репрезентацијата на Хрватска.