Неагу ја предводеше Романија до победа против Украина

Селекцијата на Романија конечно одигра добра партија на Европското ракометно првенство. Романките рутински ја обработија својата задача против Украина и прославија влез во следната фаза.

ГРУПА Б  ( Дебрецен)

Украина – Романија 23:22 (12:9)

Романија на натпреварот со Украина влезе како апсолутен фаворит и својата фаворитска улога не ја доведе во прашање. Од самиот почеток со одличната Кристина Неагу романките имаа водство од 9-6. Трите погодоци разлика ги одржуваа до крајот на првиот дел кој заврши со резултат 12:9.

Во вториот дел Романија рутински го одржуваше водството, а Украина се избори за пристоен пораз со што ги завршува настапите на Европското првенство. Најефикасна во селекцијата на Романија беше Кристина Неагу со осум погодоци додека на спротивната страна шутерски расположена беше Викторија Борсенко со десет погодоци.

Романската селекција во следниот круг силите ќе ги одмери со Унгарија, Полска и Шпанија.