Неагу и Цвијиќ остануваат во ЖРК Будуќност

ЖРК Будуќност ги продолжи договорите со шест ракометарки. Иако романски ЦСМ Букурешт беше заинтересиран за Кристина Неагу и Драгана Цвијиќ сепак двете главни ракометарки решија кариерата да ја продолжат во Будуќност. Клубот го продолжи договорот и со Катарина Булатовиќ, Мајда Мехмедовиќ, Билјана Павичевиќ и Марта Ждериќ. Сите ракометарки потпишаа едногодишен договор освен Марта Ждериќ која потпиша договор до 2017.

Фото: zrkb.me